Денес, на Северна Македонија се гледа како на безбедна и заштитена земја, мозаик од можности, со Влада која е тука да помогне да се отвори бизнис и да се инвестира. Тоа е успех. Тоа се историски остварувања порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.
Заев истакна дека во изминатите две години спроведени се реформи кои го преобразија системот на социјална заштита.
Придобивките од социјалната реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина нас 11 илјади денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари. Над 27.000 деца во моментот земаат детски додаток. Образовниот додаток го земаат 8 и пол илјади деца. Социјална пензија користат над 4 илјади возрасни лица.
Ние згриживме 12 илјади стечајни работници. Сите тие добиваат над 8.000 денари месечно, се до нивното пензионирање. Исправивме долгогодишната неправда кон овие наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја, останале без работа и без месечни примања.
Исправаме неправди. Тоа се големи успеси и нема да застанеме тука. Градиме фер и праведно општество на еднакви можности. Градиме држава како достоинствен дом за секоја наредна генерација.
На прав пат сме! Продолжуваме по вистинскиот пат, порача претседателот Заев пред преполната сала во Скопје.