Триесет и седумгодишната А.Ф. од селото Палатица,тетовско го пријавила својот сопруг.
Според информациите на полицијата, тој во петокот околу 20.30 часот ја омаловажувал и ѝ се заканувал со остар предмет.
Заканите кон неа и нивните три деца се повторувале подолг временски период.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.