Двајца мажи и една жена се уапсени денеска, откако ранија полицаец во центарот на Игало во Црна Гора.
Инцидентот се случил околу 13.30 часот кога врз полицаец со огнено оружје пукало едно од трите лица од Косово, кои се приведени бидејќи не поседувале документи за идентификација, пренесе „Вјести“.
Службеникот М.Л, припадник на граничната полиција, се здобил повреди опасни по живот, а за време на апсењето на осомничените еден од нив е повреден.