Втора ноќ по ред судири помеѓу полицијата и демонстрантите во Бејрут

И синоќа, втор ден по ред, имаше судири помеѓу демонстрантите и безбедносните сили во главниот град на Либан, Бејрут.

Демонстрациите во Бејрут против владејачката елита, новите даноци и порастот на трошоците на живот почнаа на 17 октомври.

За време на синоќешните протести полицијата употреби солзавец и водени топови, додека во саботата употреби и гумени куршуми кога демонстрантите се обидуваа да ја поминат челичната бариера со која беше блокиран Парламентот и Владата.

Од почетокот на протестите со кои беше поттикнат поранешниот либански премиер Сад ал Харири да поднесе оставка, главните либански партии не успеваат да се договорат за нова влада и покрај најлошата економска криза од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990). За излез од кризата потребна е нова влада која би спровела реформи.

Треба да знаете
Последни објави