Уапсени шверцери на лавови, леопарди и желки

Индонезиската полиција соопшти дека уапсила две лица осомничени дека се дел од група за трговија со животни, а од нив биле одземени лавче, младенче од леопард и 58 желки.

Еден од осомничените, идентификуван како Џатно, бил уапсен во саботата во провинцијата Риау, откако зел двa сомнителни пакeта од глисер, а подоцна било утврдено дека во нив биле лавче, младенче од леопард и желки, пренесе агенцијата АП.

Апсењето на Џанто довело до апсење на друг осомничен, кој требало да ги препродаде животните на трговец во Јава.

Полицијата додаде дека двајцата уапсени се дел од меѓународна група за криумчарење и дека животните биле купени во Малезија.

Исто така, се додава дека младенчињата на црниот пазар достигнуваат вредност до 32.000 долари, додека секоја желка чини по 1.200 долари.

Доколку бидат прогласени за виновни, уапсените шверцери можат да добијат до пет години затвор и глоба од по 7.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави