Кирил Георгиев победник на рапид турнирот „Алкалоид 2019″

Македонскиот репрезентативец Кирил Георгиев е победник на Меѓународен турнир во забрзан шах „Алкалоид 2019″ одржан викендот во Скопје. Георгиев освои осум поени на девет меча. Ист број поени освои второпласираниот Бобан Богосављевиќ од Србија.

Зад нив следува група од шест шахисти со по седум поени која ја предводеа членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски и ФМ Тони Лазов, потоа ВМ Горан Тодоровиќ од Србија, ИМ Никола Николовски (ШК Гамбит Ассеко) и ФМ Марио Ливаја од Србија.

На турнирот настапија рекорден број од 168 учеснициод шест држави, од кои 32 со меѓународни титули, а покрај нив и голем број шахисти аматери и вљубеници во оваа игра.

Кај помладите категории, учество земаа 39 јуниори до 18 години, од кои посебно се истакна 14-годишните Стојан Велкоски од ШК Алкалоид и Ташев Александар од Бугарија со освоени шест поени. Најуспешна шахистка беше македонската репрезентативка и членка на ШК Алкалоид ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска со пет поени.

Треба да знаете
Последни објави