Шилегов потсети дека Мерлин нема да биде платен со буџетски пари

Откако беше соопштено дека за новогодишната ноќ во Скопје граѓаните на плоштадот ќе ги забавува балканската ѕвезда Дино Мерлин редовно има прозивања кој, зошти, како… ќе го плати хонорарот од 100.000 евра. Последната информација за скопската новогодишна забава на отворено стигна од српските медиуми, дека Мерлин со овој хонорар ќе биде најскапоплатена бакански ѕвезди заедно со Здравко Чолиќ.

Веднаш по новата пласирана вест за хонорарот на сараевскиот пејач повторно се огласи скопскиот градоначалник Петре Шилегов да ги потсети граѓаните дека Мерлин нема да биде платен со буџтски пари. Кога првпат беше објавено кој ќе ги забавува граѓаните во Скопје за новогодишната ноќ, од Градот потенцираа дека хонорарот ќе биде целосно покриен од спонзори.
-Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски)“, реагираше Шилегов меѓудругото на својот профил на Фејсбук.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бараат од Шилегов да каже кои се тие спонзори и кои им се интересите за да го платат настапот на Мерлин во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави