(Видео) Обама: Жените се неспорно подобри од мажите

Ако жени ги управуваат сите држави во светот, тогаш ќе има генерално подобрување во животниот стандард и исходите, порача поранешниот американски претседател Барак Обама, зборувајќи на приватен настан за лидерство во Сингапур.

„Жени, сакам да знаете дека не сте совршени, но тоа што можам да кажам е дека сте неспорно подобри од нас (мажите). Апсолутно сум уверен дека за две години ако секоја нација ја предводи жена, ќе видите значително подобрување насекаде и тоа во се….животниот стандард и исходите“ нагласи тој.

Според Обама, проблемите во светот вообичаено доаѓаат од стари луѓе, претежно мажи, кои се држат на позиција на моќ. Тој исто така зборуваше за политичка поларизација и за употребата на социјалните медиуми за ширење лаги.

На прашањето дали некогаш ќе размисли да се врати во политичко лидерство, тој рече дека верува оти лидерите се издвојуваат кога ќе дојде време.

„Ако го погледнете светот и ги погледнете проблемите, обично тоа се стари луѓе, стари мажи, кои не се тргаат од патот. Важно е политичките лидери да се обидат и да се потсетат дека се таму за да завршат некоја работа, но не се таму доживотно, не се таму за да го поткрепат сопственото чувство за важност на сопствената моќ“ истакна Обама.

Обама беше претседател на САД од 2009 до 2017 година. Откако ја напушти Белата куќа, тој и неговата прва дама, Мишел, формираа фондација за менторство на млади лидери низ целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави