Момче прегази и усмрти старец, вчера во скопскта населба Илинден, информираше МВР.
-На 15.12.2019 во 19.20 часот на локален пат во населба Илинден, Скопје, автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(21) од село Марино, скопско, удрило во пешакот С.С.(79) од населба Илинден. Тој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје,велат од МВР.



