Кина остро реагира по објавувањето на весникот „Њујорк тајмс“ дека САД тајно протерале двајца кинески дипломати. Весникот пишува дека кинеските дипломати биле протерани во септември, бидејќи наводно се обиделе да влезат во воената база во американската држава Вирџинија и така да шпионираат.
„Обвиненијата на САД против кинеските дипломати сериозно ја занемаруваат стварноста“ рекол портпаролот на кинеското министерство за надворешнии работи, Генг Шуанг.
Тој додал дека Кина апелира до САД, да ја исправат грешката, да ја повлечат одлуката и да го заштитат кинескиот персонал во амбасадата, со соодветни права загарантирани со Виенската конвенција за дипломатски односи.



