Во Хрватска, лица над 65-годишна возраст, кои немаат никаков приход, а можеби ни имот, треба да добијат 800 куни (околу 107 евра) национална пензија месечно од 2021 година. Хрватското Министерство за труд и пензискиот систем забрзано работат на донесување на нов закон за националните пензии, за што во текот на оваа недела треба да се изјасни работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери.
За време на последната парламентарна изборна кампања, ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари.
За да добие право на државна пензија на Хрватска, лицето на возраст од 65 години мора да живее во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно, и во зависност од критериумите, на неа може да сметаат помеѓу 8 000 и 22000 граѓани во Хрватска кои немаат друг приход.



