Лејкерс во чекор го следи Милвоки

Екипата на Лос Анџелес лејкерс забележа триумф на гостувањето кај Атланта (101:96) во кошаркарската НБА-лига и се изедначи со постигнатиот скор на Милвоки кој има 24 победи и само три порази.

Вообичаено, Леброн Џејмс беше најдобар играч на натпреварот со 32 поена и 13 скока. Дабл-дабл ефект имаше и Ентони Дејвис со 27 поени и 13 скока.

Резултати на другите три средби одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:

Бруклин – Филаделфија 109:89
Денвер – Њујорк 111:105
Голден стејт – Сакраменто 79:100.

Треба да знаете
Последни објави