Актуелниот бранител на титулата во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите, Ливерпул одбраната на трофејот во нокаут-фазата ќе ја почне од Мадрид. Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул за противник на денешната полу-диригирана ждрепка на осминафиналните двојки за противник го доби Атлетико од Мадрид.
Првите натпревари од осминафиналето се играат на 18, 19, 25 и 26 февруари, а реванш средбите се закажани за 10, 11, 17 и 17 март. Финалето одгодинашното натпреаврување е закажано за 30 мај во Истанбул.
Двојки за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите: Борусија Дортмунд – ПСЖ, Реал Мадрид – Манчестер сити, Аталанта – Валенсија, Атлетико Мадрид – Ливерпул, Челзи – Баерн Минхен, Лион – Јувентус, Тотенхем – Лајпциг и Наполи – Барселона.