Јапонска фирма на интернет продава пакет-услуги „Погребај се сам“

Бидејќи трошоците за погреб можат сериозно да го оштетат буџетот, јапонската погребна служба „Цубаса“ одлучи да им помогне на своите клиенти.

Проектот „Направи сам“ е  многу популарен во последно време, особено меѓу модната заедница и дизајнерите, кои можат да помогнат во правењето уникатни работи и заштедата на пари.

Но тоа не се однесува само на правење накит или мебел, туку и на организирање погреб.

Погребот може сериозно да влијае на буџетот, особено во Јапонија.

Просечната цена на погребувањето во некои делови на земјата е дури 18 000 американски долари.

Фирмата за погреб „Цубаса“ во Нагано во својата понуда има сет за погреб „Направи сам“, кој чини 240 долари.

Комплетот вклучува само предмети потребни за церемонијата, а за сите други услуги, како што е крематориум и друго, клиентите сè уште треба да плаќаат.

Треба да знаете
Последни објави