Гатузо: Наполи не и се плаши на Барселона

Еден од поинтересните и неизвесни дуели во осминафиналето од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите треба да биде пресметката на фаворитот Барселона против италјанскиот Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Шпанскиот првак Барселона игра сезонава стандардно на сите полиња, додека Наполи е во криза, како играчка, така и резултатска во калчолигашката конкуренција, што не би се рекло и за настапите во групната фаза од ЛШ каде заврши без пораз, со три победи и три нерешени исходи. Поради ваквите резултати Наполи го смени трофејниот стартег Карло Анчелоти, а на негово место е ангажиран Џенаро Гатузо, кој изминатиов викенд имаше неславно деби со пораз во Неапол од Парма (1:2).

Но, настапите во ЛШ се нешто друго.Традицијата вели дека Барселона во последните сезони и не поминува најдобро против италијански тимови во елиминациите. На последните две пресметки против калчолигаши во нокаут фазата од ЛШ, Барселона не помина. Прво беше елиминирана од Јувентус во сезоната 2016/2017, а птоао и од Рома следната сезона, 2017/2018.

-Не и се плашиме на Барселона. Тие се одлична екипа и ќе бидат голем предизвик за нас. Ќе играме против нив без страв, вели Гатузо, тренерот на Наполи.

Треба да знаете
Последни објави