Манчестер јунајтед го доби Бриж во шеснаесетфиналето од Лига Европа

По жрепката во Лигата на шампионите, попладнево во Нион, УЕФА изврши извлекување на довките, но за шесанесетфианлето од второто по квалитет клупско континентално натпреварување – Лига Европа. Најголемо внимание привлекува пресметката меѓу Бриж и Манчестер јунајтед. Македонскиот претставник во ова натпреварување, репрезентативецот Стефан Ристовски со својот клуб, португалскиот Спортинг Лисабон за противник ќе го има турскиот Истанбул Басакшехир.

Двојки за шеснаесетфиналето во ЛЕ:

Вулверхемптон (Англија)  – Еспањол (Шпанија)
Спортинг (Португалија) – Истанбул Басакшехир (Турција)
Хетафе (Шпанија) – Ајакс (Холандија)
Баер (Германија) – Порто (Португалија)
Копенхаген (Данска) – Селтик (Шкотска)
АПОЕЛ (Кипар) – Базел (Швајцарија)
ЦФР Клуж (Романија) – Севиља (Шпанија)
Олимпијакос (Грција) – Арсенал (Англија)
АЗ Алкмар (Холандија) – ЛАСК (Австрија)
Бриж (Белгија) – Манчестер јунајтед (Англија)
Лудогорец (Бугарија) – Интер (Италија)
Ајнтрахт (Германија) – Салцбург (Австрија)
Шахтјор (Украина) – Бенфика (Португалија)
Волфсбург (Германија) – Малме (Шведска)
Рома (Италија) – Гент (Белгија)
Ренџерс (Шкотска) – Брага (Португалија).

Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат на 20 февруари, а реванш натпреварите на 26 и 27 февруари.

Треба да знаете
Последни објави