Отфрлен случај против семејството Маркос поради недостиг на докази

Филипинскиот суд денеска отфрли случај стар 32 години против семејството на покојниот диктатор Фердинанд Маркос, повикувајќи се на недоволен број докази за да нареди враќање на 3,9 милијарди долари.

Судот пресуди во корист на семејството Маркос четвртипат од август, а судиите наведиа дека фотокопираните документи не можат да бидат употребени како доказ, така што нема да продолжи случајот.

Во отфрлениот случај се разгледуваше враќање на 200 милијарди пезоси (3,93 милијарди долари) вложени во капитал, бројни локални и странски банки и недвижности во земјата, како и во САД и во Велика Британија.

Во сумата се пресметани и 177 слики и 42 парчиња накит вредни речиси девет милиони долари.

Во пресудата на 58 страници судот ги призна злосторствата извршени за време на вонредната состојба во текот на режимот на Маркос, но истакна дека поради недоволен број докази не може да нареди вражање на парите.

Истиот суд отфрли слични случаи против семејството Маркос во август, во септември и во октомври поради недостиг на докази.

Фердинанд Емануел Едралин Маркос (1917 – 1989) откако САД и ја предадоа независноста на Филипини во 1946 година тој се вклучи во политиката и од 1949 до 1959 година беше пратеник во Конгресот. Маркос беше претседател на Филипини од 1965 до 1986 година. Тој беше еден од лидерите на ултрадесничарското Движење на новото општество и владееше како диктатор под воена управа од 1972 до 1981 година. Неговиот режим е познат како злогласен поради корупцијата, екстраваганцијата и бруталноста. Тој беше соборен од власт по масовните протести и побегна на Хаваи.

Треба да знаете
Последни објави