Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараа за можните решенија за ситуацијата во Либија, информираше Кремљ.
„Фокусот (на обете страни) беше на кризата во Либија”, соопшти прес службата во Москва.
Двајцата лидери ја потенцирале важноста од превенција на натамошна ексалација на тензиите, како и потребата да се продолжи дојалогот за постигнување мир.
„Путин повторно ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи да посредува со цел да се олеснат напорите на Германија и ОН во тој процес”, се наведува во соопштението од Кремљ, дополнувајќи дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на германската страна.