Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
„Она што беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага.
Ништо од тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ не е точно. Ниту имало некакви средби, ниту имало некакви барања, ниту пак општината на некого му го обезвреднувала имотот. Сепак, ги охрабруваме институциите да ги истражат овие невистини и на тој начин да ја потврдат вистината, дека ВМРО-ДПМНЕ е една манипулаторска партија која своето делување го сведе на пласирање лаги.
Она што јавноста треба да го знае е дека за лицето зад кое ВМРО-ДПМНЕ застанува се водат неколку судски постапки за измама и незаконско однесување. Очекуваме разрешница на постапките за јавноста да ги дознае сите инфромации за кого навистина станува збор. Во недостиг на идеи и програми, ВМРО-ДПМНЕ со ваква криминална понуда на невистини може да очекува смо пораз на изборите на 12 април.“