Наш став и програмска определба е дека треба да има промена на изборниот модел

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

П1: ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог да се изгласа протоколот за НАТО пред да се распушти Парламентот, нели е ова сега контрадикторно на она што го говорите вие?

Секоја постапка на ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторна, таа е истата партија која во јавноста директно кажува дека не го прифаќа новото уставно име, од друга страна пак внатре во Собранието преку нивните пратеници немаат проблем со примањето на месечната плата, истите тие кои се прокламираат како прозападна партија и устата им е полна дека се залагаат за интеграцијата во ЕУ и НАТО и сега истата таа ВМРО-ДПМНЕ не сака да го гласа Законот за одбрана, бидејќи таму стоело нашето уставно име Република Северна Македонија. Неколку пати ги повикуваме, зошто кога одат кај нивната сестринска партија на конгресите на ЕПП каде јасно е заведена ВМРО-ДПМНЕ под нашето уставно име Северна Македонија, истото е и со амандманите кога ги поднесуваат во Собранието, каде го заведуваат како Република С.Македонија. Таквото лицемерие штета е за државата, но штета е и за самото ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ние не можеме ништо, таква е каква што е. Ако решиле да ја опструираат државата за интеграцијата во ЕУ и НАТО не им служи на чест. Наше е, и принципиелно е да ги повикуваме да не стојат само зад нивните политички флоскули, и со тоа како демек ќе го врателе старото име поттикнувајќи силен национализам којшто воопшто не е потребен во овој период во нашата држава, кончено да разберат како што и Мицкоски го поддржа договорот со Бугарија, таму, така јасно ни е на сите дека го прифаќа и Преспанскиот договор и нема ништо лошо тоа и јавно да го кажат, и конечно да застанат зад нешто што оди во прилог и на државата и на граѓаните.

П2: Од ВМРО-ДПМНЕ ве обвинија дека за само две недели поднесени се 123 закони, дали ќе стигнете до крајот на годината да ги донесете или дали може да очекуваме да биде искористен инструментот илјадници амандмани?

Нема да ме чуди да биде искористен елементот илјадници амандмани, но самиот факт што се работи за закони кои практично значат усогласување со Законот за прекршоци, еве и ВМРО-ДПМНЕ го повикуваме поради тоа што енормно високи се казните, имавме Закон за прекршоци преку коишто закон ги намалувавме казните, еве и за ова ги повикуваме да ги поддржат тие закони, најголемиот број закони коишто се поднесени се закони кои значат усогласување со Законот за прекршоци со цел намалување на казните.

П3: Како ги коментирате илјадниците амандмани поднесени од ДУИ?

Наш принципиелен став како СДСМ и програмска определба е дека треба да има промена во изборниот законик и изборниот модел, и да се воспостави моделот на една изборна единица, во име на демократизацијата на целиот изборен процес, всушност за тоа се залагаат декларативно сите политички партии, особено парламентарните и ние повикуваме кон сите, коалициони партнери и сите партии во Собранието, да го поддржат законот, но секако останува процесот на поднесувањето на илјадници амандмани, но за тоа нема да го соопштиме ставот од оваа прес конференција знаеме дека имаме процес внатрепартиски каде ќе дискутираме, дебатираме за активностите коишто ги имаат коалиционите партнери и секако со став ќе излеземе пред јавноста.

П4: А почнавте со дебатата?

Вчера завршивме со трибините, коишто значат промоција на она што сме го сработиле, а тоа е многу за изминативе 2,5 години, секако оставаме простор кога ќе почнеме, новинарите, медиумите и целокупната јавност ќе бидете информирани.

Треба да знаете
Последни објави