Црногорската ракометарка, Јованка Радичевиќ, која беше прогласена за најдобро десно крило на Светското првенство во Јапонија, изјави дека повеќе би сакала да имаше медал околу вратот, отколку ваква индивидуална награда.
Некогашната повеќегодишна членка на Вардар, по вторпат во кариерата е најдобро десно крило на СП, а беше избрана и во идеалниот тим на Мундијалот, исто како пред четири години во Данска. Популарната Јока, даде 58 гола од 82 шута, со што придонесе Црна Гора да го освои петтото место.
„Ми значи тоа што сум прогласена за најдобро крило на СП, но оваа награда со задоволство би ја заменила за некој од медалите. Им благодарам на останатите ракометарки во репрезентацијата, и тие имаат придонес за моето признание” – изјави Радичевиќ.