Грчката периферија централна Македонија испрати 18 тони хуманитарна помош во Драч

Грчката периферија централна Македонија собра и испрати до Албанија 18 тони хуманитарна помош за погодените од земјотресот во Драч, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговорниот за социјална солидарност од периферијата, Димитрис Асланидис вели дека помошта била доставена до надлежните албански власти

-Ги посетивме областите погодени од земјотресот каде што ги видовме обемот и трагедијата од земјотрес. Го посетивме префектот на Драч, Роланд Насто, на кој му изразивме сочувство за жртвите и целосна поддршка од регионалната власт, како и од граѓаните на централна Македонија во драмата што ја живеат граѓаните од Драч, Туман и Курбин, вели Асланидис.

Тој изрази голема благодарност до граѓаните кои се одѕвале на повикот за собирање хуманитарна помош.

Треба да знаете
Последни објави