Феран Торес стана најскапиот Шпанец во историјата на Барселона!

ШПанскиот фудбалски репрезентативен напаѓач Феран Торес е првото големо засилување за тренерот на Барселона Чави Ернандес. Барселона денеска го потврди неговиот трансфер од англискиот Манчестер сити. Детали не беа откриени, но медиумите во Шпанија пишуваат дека се работи за тренасфер вреден 55 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси.

Со оваа сума Торес стана најскапиот Шпанец во историјата на Барселона, претходно рекордот му припаѓаше на Давид Виља за кого беа платени 40 милиони евра.

Торес (21 г) се обврза со догвор кон Барселона до 2027, и доби откупна клаузула од 1 милјарда евра.

Нејасно е кога тој ќе дебитира и тоа поради две причини. Првата е поврзана со повреда, Феран Торес нема  настап од октомври месец. Втората е поврзана со неговата регистрација, Ла Лига треба да даде зелено светло откако ќе добие гаранции дека е направен простор во селари-капот.

Треба да знаете
Последни објави