Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти, се наоѓа во Ливерпул, каде што преговара за договор со клубот Евертон.
Анчелоти кој пред помалку од една недела беше отпуштен од Наполи, експресно ќе си најде нова работа, и според многу италијански и англиски медиуми, реално е да се очекува тој да биде новиот тренер на Евертон, клуб кој неодамна се раздели со тренерот Марко Силва.
Доколку потпише за „карамелите”, за Анчелоти нема да му биде прво искуство во премиерлигата. Тој од 2009 до 2011 го водеше Челси, и освои два трофеи, по еден во првенството и ФА купот. Но, двата пехари ги освои во својата прва сезона на клупата на лондонските „сини”, па откако во втората не освои ништо, си замина, и прејде во ПСЖ.