Врањеш: Прва цел на Словенија на ЕП е да ја победи Македонија

Ракометната репрезентација на Словенија ги започна подготовките за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка (13-30 јануари). Словенија е во групата А заедно со Македонија, Данска и Црна Гора и свопиоте натпреаври од групата ќе ги игра во унгарскиот град Дебрецин. Натпреварот  Македонија и Словенија се игра на 13 јануари во Дебрецин.

Во пресрет на оваа прва пресметка на завршницата од ЕП селекторот на Словенија,  шведскиот стратег со потекло од поранешните ју-простори, Љубомир Врањеш, вели дека победа над Македонија е првата примарна цел за неговите избраници, бидејќи тоа им ги отвора вратите за пласман во наредната рунда.

– Првата цел е да ја победиме Македонија бидејќи тој триумф ни носи пласман во следната фаза – изјави Врањеш.

Првиот дел од подготовките, Врањеш ќе го посвети на физичката подготовка на ракометарите иако на нив ќе недостасуваар неколку ракометари кои ќе се приклучат на репрезентацијата на почетокот од идната година.

– Првите денови од подготовките ќе ги искористите за играчите да се рехабилитираат по клупските настапи. Најголем дел од нив се одлично физички подготвени бидејќи дојдоа од екипи кои пред десетина дена ги завршија настапите оваа година и имаа доволно време за одмор. Мора да се фокусираме на физичката сила и поради тоа ќе тренираме во теретана –додава Врањеш.

Словенија ќе одигра три контролни натпревари, а првиот ќе се игра утре во Целје против Хрватска. На почеток од идната година ќе следат уште два натпревари против Италија.

Треба да знаете
Последни објави