ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, веднаш!

Поради енормното аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки: интензивни инспекциски контроли на индустриските капацитети, од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина, намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети, стопирање на сите градежни активности во градските средини,забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници, забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај, бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси,редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената и ослободување од работа на бремените жени и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни болести.

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил.

Треба да знаете
Последни објави