Коронавирусот почна да прави проблеми во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција, се заканува и во италијанската Серија А. Во Англија на големо се одложуваат мечеви во секое коло, додека во Италија тоа се случи само со натпреварот Салернитана – Удинезе.
Според италијанските медиуми може да биде одложено и дербито од 20. коло меѓу Јувентус и Наполи закажано за 6 јануари 2020 година.
Во наредните три-четири дена се очекува состанок на италијанската Серија А која во констулација со здравствените власти ќе решава за понатамошните постапки.



