Ѓоковиќ е тенисерот на деценијата во изборот на АТП

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е избран за тенисер на деценијата според Асоцијацијата на тениски професионалци(АТП).  Ѓоковиќ зад себе ги остави Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј и Станислас Вавринка, со кои ја комплетира најдобрата петорка, соопшти на својот сајт АТП.  Ѓоковиќ во последната декада освоил 61 титула, 15 гренд- слем титули, четири завршни Мастерса и 29 турнири од Серија 1000.

Српскиот ас е првиот тенисер кој успеал да триумфира на сите мастерси. Популарниот Ноле во овие десет години дури пет пати годината ја завршувал како прв тенисер во светот.

Шпанецот Рафа Надал во претходната деценија освоил 48 титули, од кои 13 гренд-слем трофеи, 20 Мастесра, а на првата позиција на крајот на календарската година бил четири пати.

Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер има победено на 42 турнира, 6 гренд-слем турнири, две титулу од завршниот Мастерс и 12 трофеи од Мастерс турнирите.

Двојниот олимписки шампион Британецот Енди Мареј во претходната декада има освоено 32 пехара, а петтиот најдобар тенисер во деценијата Стан Вавринка има подигнато 15 пехари, три гренд- слема и еден Мастерс.

Треба да знаете
Последни објави