Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) свика седница на своето Генерално собрание, на која ќе се разгледа текот на преговорите со Движењето Самоопределување (ВВ) за формирање заедничка влада, откако овие две партии победија на октомврските парламентарни избори.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Собранието е свикано за утре во 14.30 часот во седиштето на партијата и на него, како што соопшти ЛДК, ќе се расправа за текот на преговорите со ВВ за „можна постизборна коалиција.
На вонредните парламентарни избори на 6 октомври ВВ на Албин Курти освои околу 26 отсто, додека ЛДК на Иса Мустафа околу еден процент помалку гласови.
Конститутивната седница на новото Собрание на Косово е закажана за 26 декември, до кога се очекува двете партии да постигнат договор за новата влада која ќе ја води Курти.



