Патролите од Велика Британија и Франција пресретнале најмалку 20 мигранти во Ла Манш

Најмалку 20 мигранти кои се обидувале да го преминат Ла Манш со чамци биле пресретнати од британските и француските патролни бродови во раните утрински часови во вторникот, пренесува „Спутник“.

Портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи, изјави дека секој што го преминува каналот во мал брод, презема огромен ризик по нивниот живот и животот на нивните деца.

Приведените мигранти биле пренесени во Довер и приведени за сослушување од официјалните лица за имиграција, објави „Скај њуз“.

Според извештаите во медиумите, има значително зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да преминат од Франција во Велика Британија со чамци. На 17 ноември, граничните патроли во Велика Британија пресретнале четири чамци во еден ден надвор во близина на Довер и уапсиле 39 ирански мигранти.

Цитирајќи повеќе извори, „Скај њуз“ проценува дека меѓу декември 2018 и октомври оваа година преку Ла Манш со брод преминале 1.456 нелегални мигранти.

Премиерот Борис Џонсон вети дека ќе го реши прашањето со нелегалната миграција во Велика Британија. Тој одлучи да го укине слободното движење и вети дека ќе ги депортира оние што нелегално го преминале Ла Манш.

Треба да знаете
Последни објави