САД втор пат не му издале виза на руски сенатор за да учествува во ГС на ОН

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, сенаторот Константин Косачев, изјави дека американската амбасада во Москва повторно не успеала да одговори на барањето за виза за да учествува во работата на Генералното собрание на ОН што значи дека тој нема да може да патува за Њујорк, пренесува ТАСС.

„Руската страна повторно поднесе барање за виза за членот на официјалната делегација Константин Косачев. Второто барање беше испратено до американската амбасада на 8 ноември годинава. Американската амбасада не одговори на ова барање. Тоа значи дека јас како член на официјалната руска делегација на седницата на ГС на ОН нема да добијам виза по втор пат. Тоа значи дека ќе ми биде оневозможено да учествувам во работата на ГС на ОН на американска почва“, рече Косачев на прес-конференција.

Тој подвлече дека ова нема никаква врска со националната надлежност на САД, бидејќи Вашингтон има посебен договор со ОН со кој се гарантира дека ќе бидат издадени визи за сите учесници во настани на ОН во САД.

„Забележувам дека САД радикално ги кршат своите обврски кон ОН и меѓународната заедница. Ние ќе го задржиме ова прашање на агендата на нашите билатерални односи, ќе бараме или САД да го рестартираат спроведувањето на своите обврски или меѓународната заедница и ОН строго да ја осудат оваа ужасна и нелегална практика “, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави