Груби: Не постои сојуз меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, дијаметрално сме спротивни

Под никакви околности не постои сојуз помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, ниту за изборниот модел ниту пак за нешто друго, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби во вечерашната дебата на ТВ 24 за Измените во изборниот модел. Во дебатата учествуваа и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Дамјан Манчевски од СДСМ.

-Нема апсолутно никакава координација за никаква цел. Дијаметрално сме спротивни.Не наговестувајте никакви сојузи, имаме спротиставени ставови со ВМРО, јазикот, Преспанскиот договор и многу други, изјави Груби.

Според него, ДУИ сака шест изборни единици, бидејќи прагот во шестата изборна единица надминува 8 отсто.

-Можеби предлогот ќе имаше „П“ од светла иднина доколку беше предложен од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Би бил друг пристапот, поголем, посериозен. Вака наметнување на волја од помала партија која што всушност се обидува преку еден изборен модел да се смогне до еден или два пратеници на штета на стабилноста на владеењето, според наша гледна точка мислиме дека не е коректно. Имаме различни гледишта како сакаме да ги видиме изборите. На кратко време пред изборите сметаме дека е несериозно да правиме модел на една изборна единици со то може да постои опасност да не може да се формира Влада ниту да функционира Собранието,потенцира Груби.

Треба да знаете
Последни објави