Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе престојува во работна посета на Брисел каде ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи.
Централна тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија, како и статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.