Хандановиќ се сели од Милано во Рим

Самир Хандановиќ, долгогодишниот капитен на актуелниот италијански фудбалски шампион и лидер сезонава во Серија А, Интер, наскоро ќе го напушти клубот од Милано. Камерунецот, Андре Онана, од наредната сезона ќе го брани голот на Интер.

Поранешниот репрезентативец на Словенија, Хандановиќ, цела деценија е во Интер. Во 2021 година, клубот за неговиот трансфер од Удинезе издвои 15.000.000 евра.

„Калчомеркато“, тврди дека Хандановиќ ќе го напушти Интер, но ќе остане во Серија А. Интерес за 37-годишниот голман покажале од Лацио. Според овој извор двете страни наскоро ќе постигнат договор.

Треба да знаете
Последни објави