Министерот за здравство на Романија, Виктор Костаке, изјави дека повеќе од 25.000 лекари ја напуштиле државата во изминатите десет години. Министерот рече дека едноставно зголемување на платите не може да ги врати лекарите во земјата, јавија локални медиуми.
Според министерот за здравство, лекарите ќе бидат убедени да се вратат во својата татковина, најмногу со подобрување на условите за работа.
– Треба да ја подигнеме нашата инфраструктура на европско ниво, особено за пациентите, рече Костаке синоќа за телевизијата „Диџи 24″.
Тој додаде дека Министерството за здравство има проекти за подобрување на условите за работа во болниците.
На краток и среден рок, тој најави дека 170 милиони евра се наменети за опрема и обнова на болници до јуни следната година.
Првично, централно-левичарската влада тврдеше дека че изгради осум регионални болници со европски фондови, потоа преку јавно-приватно партнерство, но на крајот, проектите останаа само на хартија.