Телата на две жртви во ерупцијата на Нов Зеланд може никогаш да не бидат најдени

Телата на двајца загинати во вулканската ерупција на Нов Зеланд можеби никогаш нема да бидат пронајдени, соопшти тамошната полиција.

Властите пред неколку дена ги објавија имињата на две жртви чии тела се уште не се пронајдени. Станува збор за 17-годишната Австралијка, Винона Џејн Лангфорд и 40-годишната Хајден Брајан Маршал од Нов Зеланд.

Командантот на полицијата, Мајк Клемент, изјави дека и двете тела се во морето, но радарите и нуркачите не можат да ги лоцираат.

Потрагата сега се прошири и надвор од областа на вулканскиот остров, при што се вклучени приватни и полициски хеликоптери.

Сепак, неколкудневните лоши временски услови значително ги отежнуваат напорите и постои шанса нивните тела никогаш да не бидат пронајдени.

„Не можеме да потврдиме со сигурност дали овие тела некогаш ќе бидат најдени“, рече Клемент.

Додаде дека многу му е жал што досега не успеале да најдат решение и дека буквално се оставени на милост и немилост на морето.

Во вулканската ерупција на Нов Зеланд на 9 декември загинаа 18 лица, а 26 и натаму се во болница со сериозни повреди.

Треба да знаете
Последни објави