Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал одлучи тренерската улога во тимот да му ја довери на својот поранешен играч Микел Артета, кој е актуелен аситент во стручниот штаб на Пеп Гвардиола во редовите на Манчестер сити. Официјалната промоција на новиот тренер Артета кај „топчиите“ се очекува да биде во текот на денешниот ден.
Артета оваа одлука му ја соопштил Гвардиола и според медиумите во Англија. Артета и Арсенал ќе потпишат три и пол годишен договор според кој платата ќе му изнесува шест милиони евра годишно.
Помошници на Артета ќе му бидат Родолфo Борел кој е дел од стручниот штаб на Манчестер сити, а во Лондон пристигнува и Доменек Торент кој работеше со Гваридола во Барселона и во Баерн Минхен.
Артета вечерва ќе се прости од Сити, за последен пат ќе седи на клупата покрај Гвардила на дуелот против Оксфорд, а потоа доаѓа во Арсенал каде помина пет години како фудбалер од 2011 до 2016 година.