Хрватска осомничи седум Македонци дека прокриумчареле 166 миганти од Босна во Словенија

Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) на Хрватска отвори истрага против седуммина државјани на Северна Македонија и двајца хрватски државјани под сомнение дека во 19 наврати организирале нелегален премин на 166 странски државјани преку границата со Босна и Херцеговина и Словенија.

Осомничените на возраст од 28 до 50 години, од крајот на април до 15 октомври, договориле недозволено преминување на границата на странски државјани за пари.

Криумчарењето на мигрантите, кои на подрачјето на Петрова Гора нелегално влегле од БиХ во Хрватска, со непознати лица го договарале двајца државјани на Северна Македонија, по што со уште еден наш државјанин го организирале преземањето и превозот на мигрантите, соопшти УСКОК.

Останатите осомничени возеле пред и зад возилата со кои се превезувале мигрантите со цел избегнување на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави