УЕФА ја промовира топката со која ќе се играат натпреварите во плејофот на ЛЕ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја претстави новата топка со која екипите ќе играат во плејофот на Лигата на Европа во сезоната 2019/20.

Топката е обоена во класичните бои на турнирот, а исто така е прикажана и силуетата на стадионот во Гдањск. Токму на оваа арена во Полска ќе се одржи финалниот натпревар.

Првите средби од осминафиналето се закажани за 20 февруари 2020 година, реваншите се седум дена подоцна.

Треба да знаете
Последни објави