Бизнисменот Жарко Б. и извесен Меденица од Колашин се степале во авион на „Монтенегро ерлајнс“ пред да полетаат од Белград кон Подгорица.
Тие се судриле во бизнис-класата на авионот на црногорската национална авиокомпанија.
По размената на удари, наводно целосниот персонал се обидел да ги раздели.
Откако страстите се смириле, Жарко Б. останал во едниот, а Меденица во другиот дел од авионот.
Еден од изворите на „Вијести“ рекол дека дел од патниците очекувале дека тие ќе бидат симнати од авионот, но тоа не се случило. Истиот извор изјавил дека доаѓала и српска полиција, што еден од актерите на тепачката го демантирал.