Манасиевски: Студентите измрзнаа во читалната во „Кузман“

Интегрален текст од изјава на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ

„Студентите во студентскиот дом Кузман вчера, во ек на колоквиумска сесија беа оставени без греење во читалната на домот. Студентите немаат услови за учење. Читањето во читална е како да се на улица на температури околу нулата.

Ова се жалните услови во кои учат студентите во времето на Зоран Заев. Премиерот кој скрои буџет од 4 милијарди, а не одвои ниту денар за реновирање на студентски домови и изградба на нови.

Ветуваа брда и долини, а не направија ништо. Образованието е на нула. Условите за студирање се под нулата. Читални без греење, тоалети без топла вода, слаба храна, влага по собите, ова се ситуациите со кои се соочуваат студентите во Кузман.

Три години со прст не се мрдна, а образованието тоне.

Сето ова завршува на 12 април кога доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.“

Треба да знаете
Последни објави