Мормонската црква, наводно, заштедила 100 милијарди долари, спротивно на законите за даноци на Соединетите Држави. Дејвид Нилсен, човекот кој некогаш имал задача да управува со парите на Мормонската црква, им пријавил на тамошните даночни инспектори дека црквата има готовина во износ поголем од 100 милијарди долари.
Се верува дека заштедите биле направени со тоа што раководството на црквата одлучило да ги чува парите од донации наместо да ги даде во добротворни цели.
Таа, наводно, ги користела парите ослободени од данок за финансирање на две компании.
Во својата пријава Нилсен рече дека раководството решило да ги чува парите и дека ќе се искористат кога Исус повторно ќе дојде.
Според него, црквата зема околу 7 милијарди долари годишно, поточно зазема 10% од годишните приходи на нејзините членови и годишно троши шест милијарди за своите оперативни трошоци