Тухел: Премиер лигата не ги штити играчите

Тренерот на актуелниот европски првак, англискиот Челзи, Томас Тухел, по вчерашниот натпреварот со Астон Вила (3:1) во 19. коло од Премиер лигата, уште еднаш проговори за бројот на замени во натпреварите од национаљлниот шампионат на Островот.

– Секако дека треба да ни дозволат да направиме пет замени. Ние сме единствените што играме во зима, кога сите имаат пауза, но не ги штитиме играчите. Во сите други првенства дозволени се пет замени. А потоа играме против нивните клубови во Лигата на шампионите.Густ и тежок е распоредот. Ќе играме против Брајтон, ќе има физички тежок натпревар, а потоа ни следува дуел со Ливерпул, истакна германскиот тренер.

Челзи на 29 декември треба да се сретне со Брајтон во дуел од Премиер лигата, додека за 2 јануари е закажан натпреварот со Ливерпул, двата на домашен терен. 

Треба да знаете
Последни објави