Бангладеш уапси полицаец под сомнение за шпионажа за Индија

Властите во Бангладеш уапсија полицаец од малцинска заедница, обвинувајќи го за доставување клучни информации во Индија, пренесува „Спутник“.

Ова е редок случај на обвинение за шпионажа во екот на контроверзниот закон за државјанство што индиската влада го донесе минатата недела. Изменетиот закон им овозможува на малцинствата, освен на муслиманите, од трите соседни земји на Индија – Бангладеш, Пакистан и Авганистан – да добијат индиско државјанство. Локален суд во Дака наложи притвор за обвинетиот Дебо Просад Саха од Тархада Упазила во областа Кулна. Полициската станица Бенаполе го потврди апсењето и петдневниот притвор на осомничениот.Според обвиненијата, Саха со месеци работел во Канцеларијата за имиграција, каде што развил пријателски односи со многумина во Индија.

Полицијата исто така ги ставила под истрага и армискиот асистент од канцеларијата, Абу Ханзала Рана и војникот Шахнаваз Шахин, кои биле во близок контакт со Саха. Полицијата тврди дека Саха во неколку наврати ја преминал границата за да им пренесе информации на индиските контакти С. Чакраборту и Пинту.

Апсењето е извршено само неколку дена откако министерот за надворешни работи на Бангладеш, А.К. Абдул Момен, и министерот за внатрешни работи, Асадузаман Кан, ги прекинаа своите посети во Индија по немирите против изменетиот Закон за државјанство. Во вторникот советникот за меѓународни работи на премиерот на Бангладеш, Гахар Ризви, рече дека земјата ќе повлече кој било од своите граѓани што остануваат во Индија нелегално ако бидат обезбедени докази за тоа.

Треба да знаете
Последни објави