За инвентер-клими во домаќинствата во четири општини наменети 620 милиони денари

– На продолжение на седница на Владата денеска се усвоени измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање нови зелени урбани површини.

– Од овие средства, 620.000.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива со високоефикасни инврертер-клими за 10 000 домаќинства, соопшти владината прес-служба.

Владата на оваа седница донесе одлука и да го прифати барањето на Општина Крушево од централниот буџет да бидат одобрени 4,2 милиони денари за финансирање на проектот „Изградба на дел од инфраструктура во Центар за параглаjдинг во Крушево”.

Треба да знаете
Последни објави