Додека неговата помлада сестра, четиригодишната принцеза Шарлота, не беше скромна кога станува збор за божикниот подарок, па посака да најде пони под елката, шестгодишниот принц Џорџ има некои поскромни и едноставни барања. Неговиот татко, принцот Вилијам, откри дека Џорџ веќе имал напишано писмо до Дедо Мраз, во кое посакал прибор за цртање.
Додека ја снимале специјалната божикната серија „A Berry Royal Christmas“ на „Би-би-си“, 37-годишната војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон и 37-годишниот принц Вилијам, ѝ кажувале на Мери Бери за нивните божикни обичаи и семејни анегдоти, а Вилијам тогаш открил дека Џорџ веќе напишал божикно писмо и колку е добар во цртањето.
„Веројатно ќе му купиме нешто за цртање или за фудбал. Тој црта одлично, но го сака и фудбалот“, рекол гордиот татко.