Сон по четврти пат прогласен за играч на годината во Ј. Кореја

Фудбалската асоцијација на Јужна Кореја го избра играчот од средниот ред на Тотенхем, Сон Хин Мин за најдобар играч на земјата во 2019 година.

Дваесет и седумгодишниот Сон ја добива оваа наградата по четврти пат. Претходно беше избран за фудбалер на годината во 2013, 2014 и 2017 година.

Оваа година, Сон беше прогласен и за најдобар играч во Азија, кој настапува надвор од регионот.

Кореецот оваа сезона во Премиер лигата одигра 15 натпревари, постигнувајќи пет гола и осум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави