Општина Карпош продолжува со инвестиции во подобрување на условите за престој и грижа за најчувствителната категорија на сограѓани, поточно за децата.
Во таа насока, деновиве финишираше повеќемесечната работа на реконструкција на санитарните јазли во две поголеми градинки на нејзина територија. Притоа, реконструирани се пет тоалети во градинката „Пролет“ од кои четири од нив се во матичниот објект во Влае, а еден е во објектот во Козле.
На овој начин, целосно се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа детска установа, односно во нејзини два поголеми објекти, во кои престојуваат речиси 500-тини дечиња од урбаните заедници Влае 1 и „Владо Тасевски“.
Општина Карпош и натаму работи на унапредување на детската заштита и осовременување на постоечките објекти на градинки.