Мали инциденти меѓу мигрантите и полицијата на грчкиот остров Самос

Група од околу 300 лица, денеска протестираа пред прифатниот центар на грчкиот остров Самос, а од за сега непознати причини, се судрија со полицијата, напаѓајќи ја со дрва и камења, на што полицајците одговорија со солзавец.

Според локалните медиуми од островот, мигрантите протестирале со барање да си заминат од Самос, излегле на главната улица во близина на прифатниот центар, го блокирале сообраќајот, а уништиле и хемиски тоалети ,јави дописничката на МИА од Атина.

Поради солзавецот, но и целата ситуација, со одлука на градоначалникот на источен Самос, била прекината наставата во основните училишта и градинките што се наоѓаат во близина на прифатниот центар.

Треба да знаете
Последни објави