– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб следниот мај желба е испраќањето две важни пораки – да се направат состаноците на самитот да бидат „системски” и да направи се што е во методологијата за пристапување во Унијата, да биде појасна и со поголем поттик за земјите-кандидатки.
Пленковиќ додаде дека идеите поврзани со методологијата можат да се земат предвид само доколку тоа додаде нов квалитет, ќе го подобри или забрза процесот.
Тој, исто така, се залага за „системски дијалог” на ниво на шефови на држави и влади, потсетувајќи дека „од самитот во Загреб во 2000 година и потоа во Солун во 2003 година следува 15 години пауза – до 2018 година и самитот во Софија. Следува во Загреб во 2020 година”.
– Сакаме барем секои две години да бидеме во полн состав – членки на Унијата и земјите кандидати. Ова е политички многу важно, затоа што тука доаѓа поттикот за чекори напред, кон реформите и европска перспектива, рече Пленковиќ.
Според него, искуството на Хрватска зборува дека кога се преговара не се гледа веднаш следниот чекор – економско управување, што, забележува тој, во моментов не е доволно видливо во преговорите за пристапување.
– Ние ќе инсистираме на тоа. Ние одиме амбициозно кон самитот во Загреб, со јасна цел да почнат преговори со Северна Македонија и Албанија пред мај, нагласи Пленковиќ.
На прашањето каков модел на проширување тој го фаворизира, Пленковиќ одговори дека станува збор за „хрватски модел”, односно постои член 49 од Договорот на ЕУ, врз основа на кој сите европски земји можат да станат членки.